15. 7. 2013.

Стипендии за студирање во Република Македонија


Национални савет македонске националне мањине у Р.Србији Национален совет на македонското национално малцинство во Р.Србија 26 000 Панчево, др С.Касапиновића 2

Почитувани,
Националниот совет на македонската заедница во Република Србија на 09 07 2013 година доби од Амбасадата на Република Македонија допис дека и оваа година е распишан конкурс за стипендисти со македонско потекло кои живеат на Балканскиот Полуострв за учебната 2013/2014 година, за запишување на државните унивезитети во Р.Македонија и тоа:

Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип, Универзитетот „Св.Климент Охридски,, во Битола,  Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј,, во Скопје.

Заинтересираните кандидати треба, преку Националниот совет на македонската заедница во Р.Србија да достават следни документи:

1.Биографија и мотивационо писмо со образложение зошто кандидатот сака да се образува во Р.Македонија, на кој факултет/насока сака да студира и две можни алтернативи за избор на друг факултет. Неопходна е оценка за активностите на кандидатот или неговото семејство во работата на локалното здружение на Македонците.
2.    Извод од матичната книга на родените со впишана етничка определба како Македонец. Доколку, од оправдани причини во Изводот нема таква назнака, кандидатот е потребно да приложи друг документ со кој го докажува своето етничко потекло ( извод од посебниот избирачки список или друг документ, нпр.државјанство или сл.).
3.    Фотокопија од сведителството за завршено средно образование, со превод и и објаснување кои оценки се соодветни со образовниот систем во Р.Македонија( нпр. Одличен, многудобар, добар, доволен). ПОТСЕТУВАМЕ: се прима фотокопија со цел кандидатите да не бидат попречени кандидатите да аплицираат и во резидентните или други земји. Тоа едновремено значи и забрана да се примат и поднесуваат до МНР поплаки дека заради оваа процедура кандидати пропуштиле било какви можности на факултети во други земји.

Наведените документи под точка 1, 2 и 3 треба да бидат доставени до Националниот совет на македонската заедница до 24-ти јули 2013 година.
Замолуваме за уредна достава на истите и притоа напоменуваме дека апликациите кои ке пристигнат по наведениот рок, нема да бидат земени во предвид.
Оперативен план:
1.    Разгледување на пристигнатите молби и документи на конкурсот, ке се изврши најдоцна до 05-ти август 2013 година , до кога треба да се донесе и одлуката за изборот.
2.    Рокот за прием на евентуални жалби, односно откажувања до Секторот за следење на национални приоритети е најдоцна до 10-ти август 2013. За поднесените жалби Комисијата од Р.Македонија изготвува мислење најдоцна до 15-ти август 2013, по што најдоцна до 10-ти септември 2013 кандидатите треба да пристигнат во Р.Македонија, односно до назначениот студенски центар.
3.    Министерството за надворешните работи го надгледува пристигнувањето и сместувањето во студенските домови на избраните кандидати за владини стипендисти за 2013/2014 учебна година во Македонија врз основа на направен распоред од Министерството за образование и наука , додека МОН ја презема обврската за регулирање на статусот на студентот во студенскиот дом, известување на МВР за добивање дозвола за престој на странец(оние студенти кои не поседуваат македонски пасош, потребно е да обезбедат привремени лични карти на сопствен трошок кои се издаваат за привремен престој во Р.Македонија), склучување договор за добивање стипендии и известување на Универзитетот за стекнување статут на студент на кандидатот и нострификација на дипломите ( трошоците за нострификација на дипломе се на товар на студенти). Притоа, потребно е барањето за нострификација на дипломите да се поднесе најдоцна до 15-ти август 2013 година, до одцелението за нострификација при МОН, со цел навреме завршување на процедурата за нострификација, најдоцна до 01 -ви септември 2013 година и овозможување на започнување на редовна настава на 10-ти септември 2013 година. За подетални информации околу процедурата за нострификација, Ве упатуваме на официјалната веб- страна на МОН: уууулу.шоп.еоу.шк мени: документи, подмени: нострификација. Дополнително треба да се има во предвид дека не е овозможено право на избор на студентски дом за сместување и дека тоа право е исклучиво на Министерството на образование и наука. Исто така, кандидатите кои ке се стекнат со стипендија, потребно е лично да ги доставуваат документите за продолжување на правото на користење на стипендијата во МОН.
4.    Избраните кандидати кои нема да пристигнат во Р.Македонија до 10-ти септември 2013 година ке се смета дека се откажале од добиената стипендија.
За поопширно информирање во врска со факултетите и студиските програми Ве упатуваме на интернет страниците: www.mon.gov.mk,  www.ukim.edu.mk , www.uklo.edu.mk
Дополнителни информации за запишувањето на македонските универзитети можат да се добијат во Националниот совет на македонската заедница во Р.Србија на
тел/факс:013/25-80-456, моб.тел:062/80-30-330 од 8 до 15 часот и
е-mail: nsmakedonaca@open.telekom.rs