Акцијата „Да ги запознаеме сограганите со македонската поезија", како програма на Домот на младите од Панчево, а во склопот на „Деновите на македонската култура во Србија, замислена како караван на поетите кои пишуваат на македонски јазик, а во придружба со српските поети, предизвика голем интерес кај љубителите на овој вид култура.
Креаторите на оваа есенска програма Срекан Крстик и Маја Георгиевска, заедно со добриот познавач на македонската книжевност и директор на Новинско издавачката установа "Македонскиот информативен и издавачки центар" Виктор Б. Шекеровски, потврдија дека ваквата манифестација во Србија се одржува веке 7 години. Годинава програмата тргна од Панчево, продолжи во Качарево, Глогоњ, Јабука, Зрењанин, Нови Сад, Вршац и ке заврши во Суботица. На таков начин, како што беше нагласено, и лугето во овие места и градови добија прилика да слушнат поезија од Македонците и нашите пријатели што ги сакаат Македонија и нејзината книжевност и култура.
Претставените писатели, членови на здружението на пистелите на Србија, на чело со претседателот Радомир Андрик, главниот и одговорен уредник на весникот „Книжевне новине" Мико Цвиетик, водителот на култната трибина „Француска 7" Миљурко Вукадиновик, поетесата Биљана Обрадовик Доновски, Бранимир Вељковик, Вукоман Бошковик, Илија Бетински, младата поетеса Искра Пенева и Виктор Б. Шекеровски, кои пишуваат на македонски и српски јазик, сите тие заедно, со своите поетски дела ги оплеменија присутните и приредија извонреден културен настан. Пред Македонскиот информативен и издавачки центар, директорот Виктор Б. Шекеровски истакна дека единствено поезијата и културата мегу лугето гради мостови кои никогаш не се уриваат и дека ваквите средби придонесуваат за запознавање и мегусебно приближување на различните култури и традиции. Воедно подари по 200 книги на библиотеките во Домовите за култура во Панчево, Качарево, Јабука и Глогоњ.
На поетската вечер присутните во преполната сала на Домот на култура во Глогоњ ги поздрави советникот на Македонската амбасада во Белград господин Марјан Јованоски, претседателот на Националниот совет на Македонците во Србија господин Борче Величковски и поетот Радомир Андрик претседател на Здружението на српските писатели.
Општ заклучок е дека ваквите средби и дружења треба да се случуваат што е можно почесто, зашто тие придонесуваат за ширење на видиците и за мегусебно запознавање на различностите во културата.
Јована Јанковик - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА